Жената чиешто безживотно тело беше пронајдено во Кичево, е Французинката Валери, која се водеше како исчезната од 25-ти јули, потврдиле во понеделникот полициски извори за порталот Курир.
Според овие информаци, потврдата дека починатата жена е Валери ја дал
нејзиниот сопруг. Тој успеал да ја идентификува сопругата, по која
трагаше шест седмици, а беше исчезната по семејна расправија рпед
рамазанските празници.
Таа вчера попладне беше пронајдена обесена на дрво во шума во близина
на хотелот „Панорама” во Кичево. Полицијата пронајде патики, чанта,
облека и други предмети кои наликува на описот на предметите кои насебе
ги носела Валери дента кога исчезнала.
Нејзиното тело било во фаза на распаѓање, но сопругот сепак ја
препознал и потврдил дека предметите се нејзини. Причините за тоа како
настанала смртта засега не се познати.
Според непотврдените информации, 39-годишната Валери сама си го
одзела животот со бесење, но официјално причините за смртта ќе бидат
соопштени по одбукцијата која треба да се изврши во понеделник