Македонија со спектакуларен концерт ќе ја празнува независноста

Македонија и годинава достојно ќе го одбележи денот на независноста. Освен низа спортски настани, големиот љубилеј ќе го прославиме и со песна.

karolina
На Денот на независноста ќе има спектакуларен  музички концерт со познати изведувачи од земјата кој ќе се одржи на плоштадот Карпошово востание.
Токму таму, на новиот грандиозен плоштад Македонците уште еднаш ќе се сплотат славејќи ја својата независна земја.
Курир ги дознава деталите за програмата, која е исполнета со македонски изведувачи, добра музика и неколку изненадувања.
-Ќе биде поп-рок концерт на ноиот плоштад кај споменикот на Филип Втори. Еден час ќе настапува Каролина Гочева со бендот, потоа Суперхикс, па Аделина, а ќе има и диџеј. Ќе има спектакуларен огномет и некои други изненадувања, вели Дејан Пројковски за Курир.
За достојно одбележување на големиот ден спроведена е и посебна кампања во средствата за информирање чиј слоган е „Нашето единство, наша победа!“

Ништо не може повеќе да не зближи, да не израдува и да не направи единствени како што тоа го прави спортот. Спортот не прашува како изгледаш, кој јазик зборуваш и која религија почитуваш. Едноставно ја сплотува нацијата кога таа е во исчекување на заедничкиот успех. А за тој успех може секој да придонесе. За тој успех секој има заслуга, од спортистите па се до навивачите. И кога напорно тренираме и кога пред телевизорите навиваме ние даваме дел од себе кој е клучен за заедничката победа. Спортот гради здрава нација промовирајќи натпреварувачки и победнички дух. Токму затоа оваа година најголемиот државен празник - 8 Септември, Ден на независноста на Република Македонија ќе го дочекаме со спортски дух и победничко срце преку организирање на еднонеделна манифестација со најразлични спортски активности. Да ја поддржиме неделата на спортот и да го дадеме нашиот придонес за заеднички успех, а 8-ми Септември да го дочекаме во духот на спортот, дружењето, почитувањето и заедничката соработка! Со спортот победуваме заедно, Македонија победува,  рече владиниот портпарол Александар  Ѓорѓиев кога го најави сево ова.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О