Листопадни и зимзелени дрвја, јавори, смреки, јапонска цреша, чепмреси и други видови ќе бидат засадени во новиот парк на сто дрвја, кој ќе никне помеѓу булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов и улицата Народен Фронт.

На новиот парк, кој ќе се реконструира, ќе биде поставен нов тревник, 60 прскалки, а се планира да биде поставен и еден летниковец.

-Нема да запреме со раззеленување на градот Скопје и се надеваме дека овој парк ќе даде подобра слика за градот и ќе овозможи подобра животна средина, истакна градоначалникот на град Скопје, Коце Трајановски.

Паркот ќе се простира на површина од 3.900 метри квадратни, на терен ќе работат екипите на ЈП Паркови и зеленило, а за новото зелено катче во Скопје од касата на градот се одвоени 3,7 милиони денари.
Извор: Курир