УНХЦР: Снимките од жртвите на хемискиот напад се лажни!

Русија соопшти дека Советот за човечки права при ОН потврдил дека видео снимките и фотографиите од жртвите на хемискиот напад во близина на сириската престолнина Дамаск се лажни!

Руското министерство за надворешни работи соопшти дека меѓународните експерти, како и сириската јавност и верските лидери ги претставиле своите докази на 24-та седница на УНХЦР, одржана во Женева на 9 септември.
Исто така било наведено дека бројни искази на очевидци потврдуваат дека бунтовниците, кои што се борат против сириската влада, употребиле хемиско оружје во Гута, предградие на Дамаск.

Учесниците на седницата предупредиле дека последиците кои што би можеле да следат по воениот удар во Сирија, наведувајќи дека таквиот напад би бил сериозно прекршување на меѓународниот закон.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О