Проговори момчето на Бијонсе од младоста

Линдал Локи неодамна проговорил за медиумите за својата врска со Бијонсе од периодот кога живеела во Хјустон и била на почетокот на пејачката кариера.

Имено, Бијонсе и Линдал се запознале во 1993-тата година во црква, а наводно за прв пат се бакнале на концерт на Брајан МекНајт, и заедно биле на матурската вечер во 1997-та година.

"Колку таа стануваше поголема ѕвезда, толку повеќе мислев дека не сум доволно добар за неа", изјавил Линдал.

"Една вечер додека не беше во градот, отидов со пријателите во бар и завршив во кревет со друга жена. Во текот на годините додека бевме заедно, ја изневерив околу 5 пати. Не и го кажав тоа се додека не раскинавме", признало поранешното момче на Бијонсе.

Наводно, пејачката сакала да остане девица до брак, па тие двајца никогаш не биле интимни.

"Кој би изневерил убава жена како Бијонсе? Па, јас сум тој маж и тоа ќе ме прогонува целиот живот. Кога започна врска со Џеј Зи знаев дека сме осудени на пропаст и дека не можам да ја вратам. Меѓутоа знам и дека без оглед на се', таа секогаш ќе ме сака", додал тој.

Не се знае колку е ова вистинито, но пејачката во 2008-та година изјавила дека Џеј Зи е единствениот маж во нејзиниот живот.

"Изненадувачки е колку малку искуство имам. Кога имав 13 години, имав момче со кое бев во врска до мои 17 години. Не живеевме заедно и немавме, знаете...Тоа беше моето единствено искуство и од тогаш имам само еден маж во мојот живот - Џеј Зи", изјавила своевремено Бијонсе.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О