Телма бара од ВМРО-ДПМНЕ да го повлече спотот во кој оваа партија ја злоупотребува телевизијата

Телевизија Телма не дозволува да биде злоупотребена во политички цели од страна на ВМРО-ДПМНЕ при јавната пресметка со нивниот политички противник СДСМ и затоа бара од владејачката партија да го повлече спотот во кој оваа партија вметнува слика и тон препознатливи за Телма.

-Без претходно да не` информира или пак да побара согласност, оваа партија како нарачател на телевизиски спот во кој, на нивен својствен начин го критикува политичкиот противник, вметнува слика и тон препознатливи за Телма, што е недозволиво и спротивно на сите етички, морални, но и законски норми. Бараме од ВМРО-ДПМНЕ да престане да ги злоупотребува архивите што ги поседува, а во кои најверојатно се наоѓаат и вестите на телевизија Телма, кои патем се наша сопственост и авторски труд заштитен со закон. Истото се однесува и на сите други политички партии. Телма очекува соодветна реакција и од Советот за радиодифузија и повлекување на спорниот политички спот,чиј нарачател е ВМРО-ДПМНЕ. Телевизија Телма најостро се спротиставува на злоупотребата на нашиот медиум во политички цели од страна на ВМРО-ДПМНЕ при јавната пресметка со нивниот политички противник СДСМ-велат од Телма.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О