Ева Лонгорија: Брак?! Не благодарам!

Таа важи за една од најсексапилните жени во светот, па затоа и не е чудо што е фантазија на огромен број на мажи ширум светот, меѓутоа Ева Лонгорија неодамна изјавила нешто што сигурно ќе ги демотивира нејзини потенцијални партнери.

Планетарно познатата актерка Ева Лонгорија, за многумина позната како Габи од серијата "Desperate Housewives", неодамна изјавила дека навистина и е "преку глава" од венчаници, бурми и сопрузи.
"Не размислувам за брак и не ми доаѓа на памет по трет пат да се мажам", изјавила поранешната сопруга на Тајлер Кристофер и кошаркарот Тони Паркер.
 
"Се обидов и повеќе не сакам", додала актерката, која што за последен пат се разведе во 2011 година, откако дознала дека нејзиниот втор сопруг, кошаркарот Тони Паркер, всушност не и бил посветен само нејзе, односно имал авантури и далеку од семејниот дом.

 

Сексапилната актерка додала и дека, иако има 38 години, не чувствува притисок да стане мајка: "Ако треба да се случи, ќе се случи. Но, не планирам да раѓам деца по секоја цена. Мислам дека децата се резултат на голема љубов, а не обврска".



ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О