Ѕирнете во внатрешноста на "Dubai Mall", најголемиот трговски центар во светот

На првото споменување на Дубаи, веројатно многумина помислуваат на неопислив луксуз и огромни градби... Токму во таа слика се вклопува и "Dubai Mall", најголемиот трговски центар во светот.

Сместен во највисоката зграда на светот, Бурџ Халифа, "Dubai Mall" е вистинскиот рај за оние кои што се зависни од шопингот. Имено, станува збор за најголемиот трговски центар во светот, па за истиот да се обиколи, на сите посетители им се потребни неколку денови.
Неверојатниот "Dubai Mall" бил отворен во 2008 година, а моментално во него се сместени повеќе од 1.200 продавници, помеѓу кои се и најексклузивните и најмодерните брендови, најголемата продавница за слатки во светот, елитните ресторани, кино, лизгалиште и театар, а тука е и огромниот аквариум.

Сосема очекувано, "Dubai Mall" е една од светски најпосетените шопинг дестинации, па за тоа говори и податокот дека во 2012 година, овој трговски центар го посетиле повеќе од 65 милион луѓе.

Во продолжение можете да погледнете како изгледа "Dubai Mall" и барем за миг да "прошетате" во луксузниот шопинг рај.





















ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О