Доколку имате навика или потреба да отспиете во попладневните часови, сигурно ќе ви бидат од корист овие кратки совети. Колку треба да спиеме? Половина час, час или…?
10-20 минути – ова е таканаречената Power Nap, односно дрмка за враќање на енергијата. Меѓутоа, ќе останете во „плиток” сон, така што откако ќе станете треба малку да потседнете додека дојдете при себе.
30 минути – според некои истражувања спиењето половина час предизвикува чувство на мрзеливост, тромавост и физичка слабост, а понекогаш и главоболка. Научниците велат дека по половина час вакво спиење, треба уште најмалку толку време за да дојдете на себе.
60 минути – ова е идеален број на минути за спиење, доколку сакате да запамтите информации, имиња и факти. Еден час спиење ќе ве воведе во подлабока фаза на сон, а лоши страни се зашеметеноста и тетеравењето по спиењето.
90 минути – за час и половина, ќе поминете низ сите фази на спиење, што значи дека дури и ќе сонувате. Ова е идеална минутажа доколку сакате да ја подобрите емоционалната меморија или креативноста, така оваа количина на сон е идеална за креативците.