Жерновски: Се загреваме за одлучувачката битка за смена на власта

Oваа влада е подговтена на секои два месеца да организира вонредни избори и затоа, изјави во Битола лидерот на ЛДП, Андреј Жерновски, опозицијата мора да се адаптира на ова.
„Ние секогаш сме подговотени за тоа да ја водиме таа битка и јавна тајна е дека паралелно со претседателските сакаат и воредни парламентарни избори“, рече Жерновски.
Прашан од новинарите со какаво оружје ги подговтвува либерлдемократите во Битола, Жерновски вели:
„Со оружјето кое од секогаш сме го имале, одлучност и издржливост“, рече претседателот на ЛДП.
Жерновски посочи дека од Битола испраќа силна порака, дека не само што не биле изморени од политичките битки, туку допрва се загревале за она што ги чекало, а за нив одлучувачка битка била смена на актуелната власт.
„Општинската оганизација во Битола била, е и ќе биде клучен фактор на политичката сцена не само овде, туку во цела Македонија“, вели Андреј Жерновски претседатл на ЛДП.
Поводот поради кој Жерновски беше во Битола, беше свеченото отворањето на новите канцеларии на општинската организација на ЛДП.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О