Нешто над 570 илјади денари или 9.500 евра одзеле засега непознати сторители по тешката кражба што ја извршиле на банкомат на ТТК банка сместен во продавницата на „Симпо“ на булеварот „Маршал Тито“ во Тетово, информираше денеска портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.
Според неговите информации, кражбата била извршена во засега неутврдено време изминатата ноќ при што крадците најпрвин ја пробиле заштитната метална решетка од задната страна на продавницата, по што исто така насилно ја отвориле вратата, се упатиле во помошната просторија каде се наоѓал банкоматот и насилно и него го отвориле во долниот дел каде имало пет метални каси од кои ги извадиле парите по што незабележани од никого избегале.
- При полицискиот увид биле пронајдени и подигнати определени траги за вештачење, а индикативно е што сторителите точно знаеле каде да ги бараат парите и како да стигнат до нив, рече Јосифовски кој потенцираше дека полицијата интезивно работи на утврдување на сите поединости и откривање на сторителите.
Случајна Вест: Русија потврди дека Александар III е од ?
Извор:Sitel.com.mk