Фудбалерот на „Барселона“ и на аргентинската репрезентација Лајонел Меси (26) и неговиот татко Хорхе, се појавија денеска на сослушување во судот во Барселона, осомничени за даночна измама.
Меси кој ФИФА четирипати го прогласи за фудбалер на годината во светот, е осомничен од шпанскте даночни власти за прикривање на приходите, со што ја оштетил државната каса за четири милиони евра.
Обнителство тврди дека синот и такото Меси, во периодот мешу 2007 и 2009 година, користеле компании во Белизе и во Уругвај за продавање на сликите на прославениот фудбалер, само за да се одбегне плаќањето данок во Шпанија.
Според шпанската даночна управа, приходите од сликите на Меси ги вклучуваат и неговите комерцијални договори со шпанската Банко Сабодел, со „Даноне“. Адидас, Пепси Кола, „Проктор и Гембл“ како и со кувајтската компанија за храна.
Лајонел и Хорхе Меси претходно ги отфрлија сите обвинувања, тврдејќи дека не сториле ништо лошо и противзаконско. Денешното сослушување во судот во Барселона беше затворено за јавноста.
Минатиот месец, Меси уплати пет милиони евра на сметката на шпанската даночна управа, за да го покрие „кусокот“, плаќајќи и камата за „задоцнетото плаќање“ данок.