Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ кој ноќеска го загуби финалето на УС
Опен од шпанскиот тенисер Рафаел Надал, го призна поразот и му честиташе
на противникот за освоениот трофеј.
- Рафа беше премногу добар. Заслужено го освои овој трофеј. Кога
доаѓа да ве гледа шпанската кралица тогаш „капата доле“. Голема е
привилегијата да се бориш за овој трофеј. Се враќам следната година,
изјави Ѓоковиќ во обраќањето по завршување на финалето во Њујорк.
Надал кој победи со 3:0 – по сетови 6:2, 3:6, 6:4, 6:1, ги возврати комплиментите за играта на својот противник.
