Се плаши ли актуелната власт од Заев?

Машинеријата на ВМРО-ДПМНЕ заедно со своите новинари упорно пласираат информации за скандал во Струмица поврзан со струмичкиот градоначалник и претседател на СДСМ Зоран Заев. 

Тие денеска обвинија дека  на 28 февруари 2011 година фирмата на братот на Зоран Заев, Сара Јавор Инженеринг ДОО  склучува договор за јавна набавка со општина Струмица во вредност од 348.808 денари за тампонирање на паркинг простор пред Градската капела во Струмица.
Портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов ги отфрли обвинувањата на владечката партија ВМРО-ДПМНЕ и изјави дека фирмата „Сара Јавор Инженеринг“ кога го добила тендерот за тампонирање на земјиштето кај градските гробишта во Струмица не била во сопственост на Вице Заев.

- Се интензивира негативната кампања и тоа е во рамките на нашите очекувања. Меѓутоа, што е потрагично, се зголемува и фондот на лаги на ВМРО-ДПМНЕ. Зборуваме за јавни податоци. Ако внимателно слушате, тендерот за кој што зборуваат доделен е на фирмата „Сара Јавор Инженеринг“ , во 2011 година. Господинот Вице Заев, брат на претседателот Зоран Заев, станува сосопственик во фирмата „Сара Јавор Инженеринг“  во јули оваа година. Значи, зборуваме за тендер што е доделен пред 2 години, кога, совршено е јасно, немало допирни точки на фирмата со семејството Заеви - вели портпаролот на СДСМ.
Се поизвесно е дека кај ВМРО-ДПМНЕ постои страв од актуелниот претседател на СДСМ Зоран Заев, кој вчера го повика премиерот Груевски да излезе на ТВ дуел па отворено да кажат што имат пред целата јавност.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О