Погледнете како Тито реагирал кога аѓутант му ја приклештил раката со врата од автомобил

Во текот на официјалната посета на Шведска во 1976 година, се случил еден несекојдневен инцидент, кој останал забележан од будното око на камерата.

Додека Тито излегувал од автомобилот, неговиот аѓутант излегол од совозачкото седиште и ја затворил вратата. Притоа му ја приклештил дланката на Јосип Броз, на што тој викнал од болка. Аѓутантот набргу ја отворил вратата и ги ослободил прстите на маршалот.

Тито го гледал аѓутантот прекорно неколку секудни, а потоа мирно продолжил кон домаќините: премиерот на Шведска Олоф Палме и неговата сопруга. На снимката се гледа како тие се смејат, додека аѓутантот немо и збунето ја набљудува сцената.


Подоцна во текот на таа официјална средба, Тито на своите домаќини уште еднаш им покажал што му се случило во текот на излегувањето од автомобилот.

Инаку, посетата на Тито во Шведска во 1976 година била од исклучителна важност, после терористичките напади на југословенската амбасада и експанзијата на работата на усташката емиграција.

Броз и Палме разговарале за Хелсиншките акти, посетата на Тито на Латинска Америка, ситуацијата во Ангола, случувањата на Блискиот Исток и за Движењето на независните.

Зборувајќи за пријателството кое се родило на посетата, Палме еднаш изјавил:

„Штотуку дознав дека репрезентациите на Југославија и Шведска играат натпревар за титула на шампион на Европа во пинг понг во Прага. Со оглед на ова наше взаемно разбирање, на блискоста и срдечноста која го карактеризира нашиот однос, можеби би било најдобро резултатот да биде нерешен“.

Сепак, таа вечер победила Југославија, со резултат 5:2.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О