Бејл изнајмил луксузна вила за живеење: Погодете кој му е првиот сосед?!

Еден од најскапите фудбалери на светот и нов член на Реал Мадрид, Герет Бејл, наскоро ќе се пресели во нов дом.

Велшанецот изнајмил луксузна вила во населбата Ла Финка, каде што живеат бројни познати личности, а случајно или не, прв сосед на Бејл ќе му биде соиграчот Кристијано Роналдо.

За луксузната вила која има седум спални соби, Бејл ќе издвојува 12 илјади евра месечно. Во промотивните брошури, оваа куќа е опишана како „близначка“ со домот на Роналдо.

„Едноставно мораше да ја има, па веќе остави и депозит“, рекол анонимниот извор.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О