
На територија на општините Илинден и Петровец помеѓу с.Миладиновци и Коњареизбувнат е пожар со кој беше зафатена борова шума.
Поради непристапноста на теренот и интензитетот на пожарот, Дирекцијата за заштита и спасување утринава изврши изврши мобилизација.
Ангажирани се 80 лица припадници на републичките сили за заштита и спасување од 6 подрачни одделенија на Дирекцијата за заштита и спасување.
Поради ургентноста на состојбата во моментот активирани се и противпожарни авиониAirTractor за локализирање на пожарот. Се очекува во текот на денот пожарот да биде локализиран и ставен под контрола, информираат од ДЗС.
Дирекцијата за заштита и спасување будно ја следи состојбата со пожарите низ целата држава и по потреба ќе презема соодветни активности за нивно локализирање и ликвидирање.