Металург немилосрден со ПСЖ

Ракометарите Металург забележаа победа над ПСЖ со 28-26 (12-12), во последниот меч од второто коло во Ц групата во Лигата на шампиони.

Металург без респект влезе во пресметката со францускиот шампион, играчите на ПСЖ играа онолку колку што им дозволија избраниците на Лино Червар.

Мал проблем Металург имаше во нападот со зоната на ПСЖ, осбено кога Вори играше како најстурен со што вршеше дополнителен притисок врз бековите: Вугринец, Мојсовски, Атман.

Во првото полувреме, во кое се водеше апсолутно израмнета борба, во која ниту еден од тимовите немаше повеќе од еден гол предност, ПСЖ во живот го одржуваше голманот Анони, кој за 30 минути одбрани 12 удари.

На спортивната страна Станиќ имаше осум интервенции, додека Вугринец со пет гола ги предводеше стрелците.

Металург многу подбро го отвори второто полувреме, со серија од 4-0, во периодот од 37. до 41.минута, стигна до предност од 21-17.

Тука домашните играчи влегоа во серија на грешки во нападот, кој немаше одговор за 3-2-1 зоната на противникот и ПСЖ со серија од 1-6, во која ја предводеше десното крило Мелиќ, во 50-та минута стигна до предност 22-23.

Металург, по тајм аутот на Лино Червар, одговори со иста мерка, со серија 5-1, во 56-та минута стигна до предност од 27-24.

До крајот македонскиот вицепрвак без проблем ја одржа предноста и го фрли на колента скапиот тим на ПСЖ.

Дарко Станиќ на голот на Металург имаше 16 интервенции, стрелците ги предводеше Ренато Вугринец со девет голови, по четири постигнаа Ванчо Димовски, Гоце Георгиевски Наумче Мојсовски и Дејан Манасков.

Кај ПСЖ најпрецизен беше Фахрудин Мелиќ со шест голови, сите постигнати во второто полувреме.

Металург со оваа победа го презеде врвот на табелата во Ц групата, пред Барселона, ПСЖ, Динамо Минск, Вардар и Вакер Тун.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О