Една грешка може да предизвика катастрофа: Ова е можеби најстресната работа во светот

Добро обучените контролори го надгледуваат најпрометниот аеродром во светот. Како им успева да ги избегнат катастрофите?

Тим Џејсон Купер гледа низ прозорот од контролната кула на Хитроу, висока 87 метри. Тој наведува илјадници луѓе на земја и во воздух.



Еден погрешен чекор и може да се случи катастрофа, но атмосферата во кулата од најголемиот британски аеродром е многу мирна, објавува CNN.



"Има притисок, но не и стрес", рекол Купер кој ја води "Red Watch", една од трите групи од контролори на летови кои го надгледуваат аеродромот деноноќно. "Мислам дека на повеќето им се допаѓа притисокот", истакнал тој.



Во кулата има еднаков број на мажи и жени од сите старосни граници. Својата работа ја работат тивко и ефикасно, разговараат со пилотите, повремено и меѓу себе. Активноста на авионите е немилосрдна, на два терминали и само две писти, а секоја годишно прима по 19 милиони патници, повеќе од било кој друг аеродром во светот.



Воздушните превозници чекаат ред за полетување, додека небото е полно со авиони кои треба да слетаат. Работата на контролорите е чекањето да го намалат на минимум, а балансирањето е тоа за кое е потребен фокус и импресивна технологија.



87 метри над Хитроу, кулата нуди импресивен поглед кој се простира на неколку километри рамен терен. На контролорите им е потребна визуелна потврда за секое полетување и слетување, а радарите и радио врската ја користат кога видливоста е слаба.



Во кулата има две нивоа - во едното се наоѓаат контролорите за северната и јужната писта, и седат свртени со грб еден крај друг. На другото ниво се оние кои управуваат со сообраќајот на земја.

Според законот, контролорите може да работат само 90 минути, по што мора да земат пауза од 30 минути, и така од шест до девет часа, во зависност од тоа колку им трае смената. Тоа им помага да се фокусираат на задачите, или на околу 42 слетувања и полетувања на час.

Целиот текст можете да го прочитате ТУКА

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О