ЈАНКУЛОСКА: Шилегов, или извини се или ќе те тужам

Петре Шилегов, портпаролот на СДСМ, обвини дека Гордана Јанкулоска, откако е на позицијата министер за внатрешни работи, го зголемила својот имот за 200 илјади евра. Според Шилегов, во 2006 година Јанкулоска пријавила дека поседува само стан од 76 квадратни метри, со вредност од 50 илјади евра. Тој ги повика надлежните институции итно да го испитаат случајот.

- По пет години, во 2011 година, министерката се проширила во нов стан, од 114 квадратни метри, вреден 120 илјади евра. Интересно, истата година, со стан од 95 квадратни метри, вреден сто илјади евра се стекнува и нејзиниот брачен партнер – изјави портпаролот на СДСМ.
На ова обвинување реагираше министерката за внатрешни работи Јанкуловска, која побара извинување од портпаролот на СДСМ. Во спротивно ќе поднесе тужба.

- Петре Шилегов лаже. СДСМ лаже. Тврдења на Шилегов дека сум заработила 200.000 евра во овие пет години ќе има можност да ги докаже на суд. Заради намалување на висината на оштетното побарување што ќе го пријавам пред надлежниот суд, во наредните денови сум подготвена да му понудам можност јавно да се извини за изречените клевети и измислици и да каже кој му наложил да излезе со вакви невистини – се подвлекува во писмената реакција од Јанкулоска.

Таа информира дека новиот стан што го поседува е набавен со продажба на стариот, подигнат е заем и долгорочен кредит од банките по пазарни услови.
- Свесна сум дека последната успешна полициска акција „Шпион“ погоди многу структури во земјава и надвор од неа. Денеска видовме дека грчките владини извори на „Катимерини“ го имаат истиот став кон овој мегаслучај, како и опозициската СДСМ. Останува нејасно уште дали постои некаква координација и за денешната прес-конференција на Шилегов и фабрикуваните напади кон мене – потенцира во реакцијата Јанкулоска.

Јанкулоска во писмената реакција ги повикува надлежните институции колку е можно побрзо да постапат и да утврдат дали има какви било незаконски дејства во нејзиното работење и наводното богатење за 200.000 евра, што, според неа, е измислица на Шилегов.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О