Инжинерите во Сеул градат облакодер кој како во некој трик на Дејвид Коперфилд ќе исчезнува пред очите на луѓето.
Поточно, со помош на ЛЕД оптика и камера облакодерот ќе поприми изглед на позадина и ќе се камуфлира така што ќе стане невидлив.
Кулата „Инфинити“ ќе биде висока 450 метри, а неодамна доби зелено светло за негово градење.
Не е јасно зошто токму ваква „невидлива“ зграда е планирана да се гради покрај аеродром.
Облакодерот ќе биде во
целост посветен за забави, а според замислата на експертскиот тим, на
392. метар треба да има платформа за набљудување.
„Инфинити“ исто така ќе има ролеркостер, воден парк, ресторани, простории за венчавање и зелени градини.
Освен тоа што ќе биде прва „невидлива“ кула, „Инфинити“ исто така ќе се вброи во десетте највисоки градби во светот.
Поради споредба, пет пати е повисока од Кипот на слободата кој Коперфил во 1983 година го направи „невидлив“.