Џеред Џејмс Абрахамс, 19-годишен студент е обвинет дека со уцена барал американската мис на тинејџерките, Кесиди Вулф, да му испрати слики на кои е гола. Тој се заканил дека ако не добие фотографии, ќе ги објави фотографиите кои ги украл од нејзиниот компјутер.
Абрахамс наводно и се заканувал со зборовите: Твојот сон да станеш манекенка ќе се претвори во - порноѕвезда!
Студентот успеал да ја фотографира девојката во нејзината соба, со камерата на нејзиниот компјутер, за што таа не била свесна.
Абрахамс е осомничен дека користел специјален софтвер преку кој од далечина ги управувал веб камерите на компјутерите на 7 жени и девојки и правел фотографии на кои тие се голи.
Ако биде осуден, ќе помине 2 години во затвор!