Попладнево на територијата на Македонија се очекува нестабилно време со пороен дожд, грмежи и силен ветер.
Под влијание на нестабилна и влажна маса од Медитеранот денеска попладне и утре претпладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа ќе има пообилни врнежи каде се очекува да наврнат повеќе од 25 литри на м2 воден талог.
За време на викендот ќе преовладува стабилно и суво време.
Од УХМР препорачуваат во случај на појава на електрични празнењада не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја.