Лестер Бо Мек Кејлеб останува предводник на нашиот национален тим и во иднина, пишува „Македонски спорт“ во денешното издание.
-Едно вакво ветување испратил Американецот со македонски пасош по враќањето на нашата сениорска селекција во Скопје Во разговорите со претставници на владејачката странка во Македонија, Мек Кејлеб ги уверил присутните во Собранието на Р Македонија дека без оглед на лошиот резултат на ЕП во Словенија, има намера и понатаму да го носи црвено-жолтиот дрес на нашиот национален тим, пренесува „Македонски спорт“.