За жалбата на Македонија ќе се решава вечерва по мечот Србија - Литванија

Техничкиот состанок на кој ќе се одлучува по жaлбата на Македонската кошаркарска федерација за прекршување на правилата во мечот Македонија - Црна Гора на ЕП во Словенија, ќе се одржи по одигрувањето на мечот Србија - Литванија кој се игра во овие моменти.

Мечот се очекува да заврши по 11 часот, кога и ќе се знае конечната одлука, пишува на официјалната страна на МКФ.

Во последниот решавачки напад, по промашувањето на Бо Мекејлеб, Ѓорѓи Чековски ја фати топката и веднаш упати шут кон противничкиот кош, кога Милко Бјелица ја зафати мрежата на сопствениот кош и го стресе обрачот, со тоа прекинувајќи ја акцијата и попречувајќи му на нашиот кошаркар да постигне поени за победа.

Во прв момент, нашите се израдуваа бидејќи кошот беше признат, но откако судиите се консултираа, истиот беше поништен и победата им беше доделена на Црногорците.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О