Српскиот портал „Телеграф.рс“ тврди дека македонските кошаркари одиграа лошо во завршниот дел од мечот против БиХ, шти ги чинеше пораз, како последица на „лумпување“ во ноќниот клуб Стефaн Браун во Љубљана, веднаш по победата над Србија во петокот. Овој портал истакнува дека Антиќ, Мекелјеб и другарите, прославувале до раните утрински часови, а во хотелот „Компас“ на Крањска Гора, каде што се сместени сите репрезентации од групата Б, дошле со кеси од „Мекдоналдс“.
Сепак, порталот не нуди фотографии како поткрепа и потврда на овој напис, па оттаму останува нејасно дали ова навистина се случило или пак е своевидна „одмазда“ на српските медиуми за поразот што Македонија и го нанесе на репрезентацијата што ја предводи Душан Ивковиќ.
Портпаролот на МКФ, Катерина Павлова - Николовска, за ЕКИПА ги демантираше наводите на српскиот портал „телеграф.рс“, истакнувајќи дека немало такви случувања со македонските кошаркари.