Времето утре во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и со ретки грмежи.
И утре на места се очекуваат пообилни врнежи, особено во
претпладневните часови. Ќе дува и умерен до засилен ветер од северен
правец.
Утринската температура ќе се движи 10 до 18, а дневната од 18 до 28 степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со повремен дожд особено претпладне, а ќе дува и умерен до засилен северен ветер.
Утринската температура ќе се спушти до 16, а дневната ќе се искачи до 23 степени.