Претставен концептот Volvo Coupe

Volvo Concept Coupe е автомобил кој на саемот во Франкфурт привлекува доста внимание.

Причината што има голем интерес за Volvo Coupe е одличниот дизајн, кој е заслуга на новиот шеф на дизајнерското одделение на компанијата, Томас Ингенлат.

Новата дизајнерска филозофија се заснова на скандинавскиот авторитет, креативност и активност. Овој концепт би требало да ги постави темелите на идните модели на шведскиот производител.
Меѓу првите модели ќе биде потполно новиот XC90 – SUV со седум седишта кој премиерата ќе ја има во Париз следната година.
Volvo Concept Coupe ќе ја претстави и новата генерација од моделот P1800- стилски одлично изграден автомобил од шеесетите години на минатиот век.

Карактеристика на идните модели ќе бидат големата хауба и зголемената предна решетка со 
јасно видливо лого.

Во внатрешноста доминира минимализам и желба бројот на тастери да се намали што е можно повеќе. За изработка на внатрешниот простор користени се најквалитетни материјали – дрво, метал и кожа. Впрочем, и Volvo не би било тоа што е, доколку нема доволно место и за најновите технологии.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О