Џим О’Брајен е голем вљубеник во Нокиа телефоните. Досега
има собрано 115 телефони, а во разговорот за официјалниот портал на
најголемиот светски произведувач на мобилни телефони, Џим открил кој
мобилен му е омилен.
Помеѓу петте најдобри мобилни телефони, Џим го сместил Нокиа 7650
од 2001-та година, кој е првиот телефон со вградена камера. Четвртото
место на неговата листа го зазема Нокиа Н92 од 2005-тата година, за кој
вели дека никогаш нема да го продаде, иако многупати му нуделе висока
сума на пари.За Нокиа Н81 од 2007-та година, кој е сместен на третата позиција, Џим вели дека го засакал поради неговиот дизајн и звук. На втората позиција се наоѓа Нокиа 3230 од 2004-тата година, а Џим за овој модел вели дека во тоа време бил „вистински мал компјутер“.
Според него, најдобар Нокиа мобилен уред е Лумиа 1020, кој е произведен оваа година.
„Ова е мобилен на деценијата. Ги имам сите Лумија телефони и секогаш се прашувам дали можат да бидат подобри. Овој едноставно нема конкуренција“, рекол Џим, кој се' уште ги чува сите 115 мобилни телефони што ги користел во минатите 10 години.