YouTube каналот SciShow го дава одговорот на ова прашање. Сето тоа се случува поради „грешка“ во нервниот систем и губење на кислород во мозокот. Кислородот доаѓа во мозокот преку крвта и доколку од некоја причина тоа се успори или застане, се случува човекот да падне во несвест.
Иако постојат низа болести и состојби што предизвикуваат губење на свеста, најчест облик кој луѓето го доживуваат е вазовагална синкопа која е последица на несоодветна невролошка активност. Се манифестира со нагло паѓање на крвниот притисок проследено со бледило, лошење, повраќање, темнеење пред очите, отежнато дишење, неможност за мокрење и други симптоми. Тие форми често се сретнуваат кај млади луѓе и најчесто се последица од страв и повреди.
Името го добила по нерв кој ги снабдува срцето, белите дробови и абдоминалните органи. Но, за среќа, тој нерв е одговорен и за брзо се „рестартирање“ на телото по доживеан шок. За да го смири телото тој го успорува срцето и ги шири крвните садови, но понекогаш се случува реакцијата да е претерана што кај некои луѓе се манифестира со губење на свеста поради недостиг на кислород во мозокот.