Американските војници за 3 години ќе бидат како Ајрон Мен!

Војниците наскоро ќе бидат со натприродна сила. Американската војска развива „Ајрон Мен“ костим!
Американската војска ги повика технолошките компании, научниците и универзитетите да им помогнат во развојот на „ревулуционерен паметен оклоп“, кој на војниците ќе им даде натприродна сила.

Би-Би-Си соопшти дека Американците веќе тестираат некои оклопи кои овозможуваат носење поголема количина товар на поголема оддалеченост, но тие сакаат целосно да се унапреди таа опрема, во стилот на Ајрон Мен.


Овој костим е наречен Талос (Tactical Assault Light Operator Suit), и ќе има т.н. ексоскелетен оклоп на рацете и нозете кој ќе го движи хидраулика.

Карл Борјес, научниот советник на американската војска вели дека нивниот борбен „Ајрон Мен“ костим, освен ексоскелетната и напредната технологија, ќе има и интегрирано оружје, а уште не е познато на кој начин оружјето ќе биде вградено во него.


Со оглед на тоа што воената индустија не може самата да развива вака сложен оклоп, побарана е помош од технолошките компании и научниците од универзитетите за да помогнат во неговиот развој, па во дизајнот на истиот учествуваат и научниците од институтот за технологија во Масачусетс. Тие моментално развиваат т.н. течен оклоп, кој под влијание на магнетните полиња или електричната енергија ќе може да се претвори во црвст оклоп.


Иако ни се чини дека ваквите нешта се дел од некоја малку подалечна иднина, Американците веруваат дека нивните војници веќе за три години ќе ги користат таквите „Талос“ костими.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О