Нова тешка сообраќајка, девет лица повредени, две се борат за живот

Девет лица се повредени во тешката сообраќајна несреќа што се случи вечерва околу 19:15 часот на патот Штип - Коачни кај крстосницата за Чешиново. Во сообраќајката учествувале комбајн, возило „тојота“ со скопски регистарски ознаки и „рено меган“ со кочански таблички.

Повредените биле пренесени во општата болница во Кочани. Директорот на болницата Дејан Апостовски информира дека двајца се потешко повредени и веќе се упатени во Ургентниот центар во Скопје, четворица имаат полесни повреди и се хосптализирани во Кочани, а тројца по укажаната помош се пуштени на домашно лекување.

На местото на несреќата во тек е увид од истражен судија, јавен обвинител и екипа на полицијата од Кочани.

Сообраќајот на патот Штип - Кочани се пренасочува преку алтернативниот пат преку село Борилчево - Аргулица - Долни Балван. 

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О