Овошје кое веројатно никогаш не сте го пробале

Иако можеби ви се чини дека нашите пазари и супер маркети се преполни со различен избор на овошје, сепак, сето тоа е само мал дел од она што ни го нуди природата, па така, во продолжение погледнете го првиот дел од списокот на овошки кои што веројатно никогаш не сте ги пробале.

Во различни делови од светот, популарни се различни видови на овошје, па за оние примероци за кои што ние на овие простори можеби не сме ни слушнале, таму некаде во светот секојдневно се консумираат и се еквивалент, на пример, на нашите јаболка.

Со оглед на тоа што станува збор за поголема листа на необични овошја за овие простори, истиот ќе го разгледуваме во три дела, па следните два ќе можете да ги прочитате во текот на утрешниот ден и во петок.

❿ Рамбутан

Латинското име на рамбутанот е "Nephelium lappaceum", а ова овошје потекнува од Индонезија и Малезија, но природно се одгледува и на Тајланд, во Виетнам, на Филипините и во уште неколку држави во југоисточна Азија. Ова овошје името го добило според малезискиот збор "rambut", што значи коса.




Станува збор за меко и крцкаво овошје, чие што семе се јаде само кога е приготвено на соодветен начин. Некогаш се верувало дека е отровно, но според неодамнешните студии било заклучено дека покрај тоа што не е отровно, ова овошје е и прилично здраво. Целиот плод изваден од лушпата, заедно со семките, е одличен за консумација.

❾ Баобаба или Адансонија

Вкусот на ова овошје се опишува како "нешто помеѓу грејпфрут, крушка и ванила". Овошјето баобаба има двојно повеќе калциум од млекото, богато е со антиоксиданси и има шест пати повеќе витамин Ц од портокалот.




Во делови од Африка ова овошје се користи веќе со години, а истото се јаде и сирово и приготвено на соодветен начин. Од него се прават сокови, а се користат и лисјата од дрвјата, кои што се мелат и се додаваат во храната како зачин. Во Европската Унија, продажбата на овошјето баобаба стана легална дури во 2008 година.

❽ Мангостан

Овошјето мангостан претежно расте во југоисточниот дел на Азија, но може да се забележи и во тропските земји на Јужна Америка.




Луѓето често го опишуваат како "суптилен деликатес", а ова овошје се јаде и е релативно богато со хранливи материи. Поради ограничувањата во увозот, свежиот мангостан не е достапен во продажба во голем број на земји во Европа, иако некаде може да се пронајде во конзервирана состојба.

❼ "Breadfruit"

Кога буквално би се преведувало, името на ова овошје би гласено лебно овошје, додека пак неговото латинско име е "Artocarpus altilis". Станува збор за дрво и плодови кои што растат на тропските острови и при консумацијата, ова овошје се јаде приготвено или помешано со друго овошје или кокосов путер.




Станува збор за овошје богато со јаглехидрати, а истото се состои од 70% вода. Исто така, овошјето е богат извор на витаминот Ц, како и тиаминот и калиумот. Најчесто се јаде откако ќе се приготви, односно откако ќе се помеша со кокосово млеко и потоа се пече на листови од банана.

❻ Нангка

Нангка е овошје кое што е необично поради својата тежина, а неговото латинско име е "Artocarpus heterophyllus". Така, само еден плод, долг 90 центиметри, може да тежи и до 36 килограми!




Ова овошје изобилува со скроб и влакна, а неговиот вкус може да се спореди со комбинацијата од јаболка, ананас и банана. Може да се јаде сирово, но највкусно е кога ќе се приготви. Поради својата суптилно слатка арома, нангка се користи како додаток во најразлични јадења и колачи. Во некои земји може да се пронајде и сладолед со вкус на ова овошје.

❺ Дрвена јаболка

Дрвената јаболка или "Limonia acidissim" потекнува од Индија и Шри Ланка, а нејзиниот плод има лушпа која што е "тврда како камен". Плодот е лековит, а неговото стебло се смета за свето во Хинду религијата.




Плодот често се користи како додаток во пијалаците и благите, а од него се прави и џем. Може да се јаде и сирово, а популарна комбинација е дрвената јаболка помешана со кокосово млеко. Од ова овошје се прави и еден исклучително популарен летен освежувачки пијалак наречен "Bael-panna", кој настанува со мешање на дрвените јаболка со вода и најразлични зачини.

❹ Агуаја

Агуаја или "Mauritia flexuosa" е овошје кое што расте покрај мочуриштата и другите влажни предели во тропските делови на Јужна Америка.




Овошјето може да се јаде и сирово и претставува богат извор на витамин Ц. Исто така, агуајата се користи за подготовка на сокови, џемови и сладолед, а од него се прави и вино. Ова овошје често се користи за лекување на изгореници, а делови од неговото стебло се користат при производството на коноп. Од ова овошје се прави и масло за кое што неодамна е утврдено дека ги филтрира и апсорбира ултра-виолетовите зраци од сонцето кои што предизвикуваат рак.

❸ Салак

Салакот или "Salacca zalacca", познато и како змиско овошје, расте во Индонезија и Малезија, а неговиот вкус може да се спореди со слаткиот вкус на ананасот.




Ова овошје се одгледува во цела Индонезија, а постојат најмалку 30 сорти од кои што се издвојуваат две: салак пондох од покраината Јогијакарта и салак бали, од островот Бали. Салак Бали се продава на целиот остров и е исклучително популарно овошје помеѓу тамошните жители и туристите, а неговиот вкус е мешавина до ананас и сок од лимон.

❷ Монстера

Монстера или "Monstera deliciosa" е билка која расте во тропските прашуми во јужниот дел на Мексико и јужно од Колумбија. Ова овошје често се одгледува како украсна билка, но истото е и исклучително вкусно.




Доколку се јаде незрело, ова овошје може да биде отровно за телото, а на истото му е потребна една година за да созрее. Кога конечно ќе созрее, има вкус на мешавина од банана и ананас, а содржи и многу витамин Ц. Исто така, ова овошје дава и многу енергија и издржливост.

❶ Купуачу

Купуачу или "Theobroma grandiflorum" е овошје кое расте во тропските прашуми на Аризона, но истото се одгледува и во џунглите во Колумбија, Боливија, Перу и во северниот дел на Бразил.




Ова овошје се користи за производство на благо поради неговиот "чоколаден вкус со примеси на ананас", а покрај тоа, има и многу убав мирис. Се смета за супер овошје затоа што е богато со големи количини на витамините Б1, Б2 и Б3, како и аминокиселини, а има и девет антиоксиданси, калциум, селен и витамини А и Ц.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О