Неколку семејства се завија во црно откако вчера, во раните
утрински часови, пет млади лица ги загубија животите во тешка
сообраќајна незгода во центарот на Скопје.
"Повраќавме додека стручните екипи ги вадеа мртвите тела на
момчињата. Крв прскаше насекаде. Страшно!", коментираат полицајците за
Вест.И дел од очевидците кои се нашле на местото на настанот велат дека несреќата се случила многу брзо и дека глетката била страшна:
"Во Центар секогаш има метеж, но утринава помислив дека пукнала бомба. Брзо се стрчав кон терасата, но надвор видов само магла. Претпоставив дека е сообраќајка. Се' се случи толку брзо, што и да бев надвор, немаше да можам да видам. Ми беше страв да продолжам да гледам. Ѕиркав од зад завесата и видов дека за половина час пристигна полиција. И тие ѕиркаа надолу од патот. Се вратив и си легнав, но однадвор повеќе ништо не се слушаше. Како ги вадеа, така во истиот момент ги ставаа во ќеси. Како да не беа човечки трупови. Се гледаше само крв и црнила. Пострашна сообраќајка не сум видела ниту на филм. Колата, пак, ја вадеа парче по парче. Ја сечеа за да можат да ја извадат", велат потресените соседи за Вест.
Инаку, вчера до несреќата дојде откако петте млади момчиња враќајки се од ергенска вечер со своето БМВ возејќи со 240 километри на час загубиле контрола и удриле во подрумот на објектот на пазарната инспекција кај Рампа во центарот на Скопје.
Животот го загубија Александар С., Борче С., Горан Ѓ., Живко К. и Филип Б., сите од Скопје на возраст од 27 и 28 години.