"Спонзоруша" разоткриена на скриена камера

Ситуацијата е следна: симпатично момче дотерано во кошула и приоѓа на атрактивна девојка, признавајќи и дека му се допаѓа и поканувајќи ја состанок, меѓутоа таа вели дека обично не излегува со непознати лица, но сосема набрзо ја менува својата дотогашна "практика".
Имено, комичарот Виталиј Здороветцки, Роман Атвуд и Денис Роуди одлучиле повторно да приредат нешто урнебесно, па првичната идеја им била да снимат видео за лошите начини за пристапување на девојките, но уште првата кандидатка во оваа скриена камера направила нештата да тргнат во сосема поинаква насока.


"Еј, здраво! Симпатична си, би сакал да те однесам на вечера", започнал вешто Виталиј да разговара со девојката на улица, а таа, очигледно незаинтересирана, почнала да се обидува да го одбие со тврдењето дека "обично не излегува со луѓето на вечера".

"Добро, тогаш ништо, се гледаме", изјавил разочараниот Виталиј, заминувајќи кон својот луксузен автомобил, па токму и во тој момент се случува пресвртот, кога девојката сфаќа дека предлогот за вечерата е всушност одличен!


"Нема да може, извини, не сакам спонзоруши!", изјавил Виталиј и си заминал! Во продолжение погледнете како сето тоа изгледало, а видеото објавено пред само неколку часа веќе наидува на огромен број на позитивни критики.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О