Пилот на помал авион во текот на летот се онесвестил.
Неговиот единствен сопатник, кој никогаш не управувал со авион, успеал
присилно да го приземји леталото.
Двајца мажи, пилот и патник, во вторникот полетале од северот на
Англија на краток кружен лет. При враќањето на пилотот му се слошило и
се онесвестил.Неговиот сопатник и пријател, успеал да се јави на контролорите во Хамберсајд, кои во рекорден рок пронашле двајца инструктори за лет и ги поврзале со патникот, за да му дадат упатства за присилно слетување.
Чекор по чекор го навеле на успешно слетување, иако немал никакво пилотско искуство. Мажот не бил повреден, а онесвестениот пилот бил префрлен во болница каде подоцна починал. Причините за неговата смрт се' уште не се утврдени.