Сите знаевме дека Apple планира во текот на овој
месец да ги презентира новите верзии на iPad и iPad Mini. Конечно
добивме и датум, а тоа е 22-ри октомври...
AllThingsD, кредибилен извор за вакви информации, вели дека вторникот (традиционално) на кој ќе бидат презентирани новите уреди ќе биде кон крајот на овој месец, односно на 22-ри октомври. Фокусот ќе биде свртен кон петтата генерација на iPad, но и втората генерација на iPad Mini.
Освен тоа, Apple може да презентира и нови верзии на Mac OS, Mac Pro или евентуално MacBook Pro, иако е тоа најмалку веројатно. Традиционално, новиот iPad ќе биде потенок и полесен, но исто така и помал од претходникот, пред се поради намалените граници од страна на екранот. уредот најверојатно ќе го поседува новиот A7 процесор на компанијата, кој веќе се користи во iPhone 5s.
iPad Mini најверојатно ќе го добие истиот третман, со тоа што исто така би добил и Retina екран, иако е дискутабилно што тоа подразбира. Очекувајте повеќе информации кон крајот на овој месец!