Рејтингот на Жерновски опасно му се приближил на рејтингот на Груевски?

Дали анкетата нарачана од ВМРО-ДПМНЕ, според која на ниво на Скопје, градоначалникот на општина Центар и лидер на ЛДП Андреј Жерновски опасно му се доближи во рејтингот на премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски е причина за последниот атак врз општината и градоначалникот Жерновски, коментираат партиски извори.

Во јули, кога се правела последната анкета, разликата во рејтингот била 2,5 проценти во корист на премиерот. Последната анкета, спроведена во текот на минатата недела, покажува дека разликата сега е стопена за дополнителни 0,98 проценти, што значи дека сегашната разлика е 1,5 проценти.

Партиски извори кои инсистираат на анонимност, посочуваат дека црвеното светло на тревога е вклучено, бидејќи никој толку не му се доближил на Груевски според рејтингот. Овој резултат во реалноста би можел да биде уште полош, земајќи го предвид фактот дека граѓаните не се изјаснуваат слободно при анкетирањето.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О