Монструм во Чаир: Безживотно тело на измачувано и одрано куче

Една од информациите кои што денес ја потресоа, шокираа и згрозија македонската јавност е известувањето дека во на 1 октомври во населбата Чаир било пронајдено безживотно тело на мачено и одрано куче.

На официјалниот Фејсбук профил на здружението за заштита на животните Анима Мунди осамнале фотографии на кои што е прикажана грозоморната и морничава глетка на која што сведочеле жителите на населбата Чаир.

Имено, пред контејнер во близина на бензинската пумпа кај стадионот во картонска кутија било оставено одрано куче, со отсечен јазик, откако претходно било удрено по главата, која му била врзана со кеса. Кутрето било мртво само 2 часа откако било пронајдено од жителите.

Станува збор за исклучително суров, горзоморен и злобен чин, а од здружението Анима Мунди изјавуваат: "Засега не можеме да кажеме ништо освен очигледното – монструм оперира низ улиците на Чаир, умоболен, насилен психопат, кој со сигурност ова не го сторил првпат, зошто кожата е професионално одрана. Огромна благодарност за полицијата и за крим-техничарите, кои веднаш и максимално сериозно пристапија кон истрага. Ги молиме да бидат упорни за да се фати сторителот и да добие најстрога казна".

За секое сведошво кое ќе може да помогне за да се фати и најстрого казни овој монструм, Анима Мунди нуди финансиска награда од 500 евра.

Поради екстремно вознемирувачката глетка, фотографиите во продолжение се цензурирани, се со цел да се заштитат помладите корисници на интернетот, меѓутоа истите се и уште еден доказ дека мора да се преземе се што е возможно за да се пронајде сторителот и да се спречи тој да го повтори овој грозоморен чин.


ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О