Непосредно по своето претставување на пазарот, овој
автомобил чинел нешто повеќе од 9.000 долари, меѓутоа денес, истиот е
најскапиот автомобил на светот затоа што е продаден за сума од
неверојатни 52 милиони долари.
Станува збор за спортскиот автомобил "Ferrari 250 GTO" од 1963
година, кој што бил продаден за сума од 52 милиони долари и со тоа
станал најскапиот автомобил на светот. Легендарниот "Ferrari 250 GTO" е еден од најбараните автомобили во светот, пред се ако се има во предвид фактот дека во периодот од 1962 до 1964 година, биле произведени само 36 модели.
Од 1974 година, овој легендарен автомобил бил сопственост на автомобилскиот колекционер Паул Папалардо, меѓутоа истиот сега му е продаден на неименуван купувач за оваа неверојатна сума.
"Класичните "Ferrari" автомобили имаат многу придобивки во споредба со останатите, тие се како Пикасо во светот на автомобилите. "Ferrari 250 GTO" е златен автомобил, па речиси и да нема човек кој не би посакал да има еден за себе", изјавил Џон Колинс, експерт за класични автомобили.
]