Белата куќа овој викенд прослави 221 година постоење. Еве некои од најинтересните моменти во нејзината фасцинантна историја.
Филаделфија не била задоволна од одлуката Вашингтон да ја добие претседателската резиденција. Ви текот на 1790-тите години, градот изградил своја претседателска палата во обид да го задржи Џорџ Вашингтон и пријателите во Филаделфија, која била тогашна престолнина. Вашингтон одбил да ја користи „палатата“ и отседнал на друга локација во Филаделфија.
Џорџ Вашингтон никогаш не живеел во Белата куќа
Иако ова здание се наоѓа во градот кој го носи неговото име, тој починал во 1799 година, година дена пред Џон Адамс да стане првиот претседател кој се вселил во оваа зграда.
Многу мал дел од оригиналната зграда останал досега
Британците ја запалиле Белата куќа во 1814 година откако силите на САД го запалиле канадскиот парламент. Познатата слика на Џорџ Вашингтон, која ја насликал Гилберт Стјуарт е сочувана, како и неколку надворешни камени ѕидови, кои го преживеале пожарот.
Имало уште еден голем пожар во Белата куќа
Пожарот во текот на божиќната вечер во 1929 година зафатил дел од Западното крило и Овалната канцеларија во текот на претседавањето ана Херберт Хувер. Тој ја напуштил празничната вечера за лично да ги надгледува напорите на пожарникарите да го изгасат пожарот. Иако на момент успеал да влезе во Овалната канцеларија, Хувер со помош на агентите на специјалната служба бил изнесен од Белата куќа.Западното крило го создал Теди Рузвелт
Западното крило е проширено за време на владеењето на Вилијам Хауард Тафт и Френклин Рузвелт, но Теди бил тој кој го изградил. Томас Џеферсон прв дошол на оваа идеја 100 години порано, но во Вашингтон требало доста време за да се извршат некои нешта.
За малку ќе била срушена во 1948 година
Претседателот Хари Труман бил натеран да ја напушти Белата куќа и да се всели во зградата Блер откако официјални лица заклучиле дека старата градба е речиси пред колапс.
За 4 милиони долари може да имате своја Бела куќа
Иако се чини дека станува збор за многу пари, всушност ова е евтина понуда ако се земе во предвид дека Белата куќа со се’ во неа вреди 110 милиони долари.
Белата куќа нема камен темелник
Годишнината на Белата куќа не би била комплетна без приказната за каменот темелник кој недостига. На судбоносниот ден во октомври 1792 година група слободни масони се сретнала во таверна во Џорџтаун, од каде продолжиле кон локацијата на која бил изграден претседателскиот дом. Во текот на својата церемонија поставиле камен темелник со порака за да го одбележат почетокот на градењето на Белата куќа. После церемонијата се вратиле во таверната каде решиле да го прослават овој настан. Прославата се претворила во забава со алкохол, и никој не стигнал да забележи каде точно се наоѓа каменот.