Хорор во Куманово: Убил две жени, па си пресудил

Крвава трагедија денеска го потресе Куманово, маж убил две жени, а потоа си пресудил.
Првично од портпаролката на СВР Куманово, Валентина Николовска, дознаваме дека денеска околу 11.30 часот во населбата Бедиње се случило двојно убиство и самоубиство.

Таа соопшти дека 42-годишниот Маријан И. од Бедиње дошол во куќата на 39-годишната Фросина С. каде со огнено оружје ги убил неа и 45-годишната Валентина С. Потоа, си го одземал животот.

Николoвска потенцираше дека ова се првични податоци, бидејќи увидот се' уште трае. Мотивите за грозоморниот чин се’ уште не се познати.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О