Коби и Леброн му одговорија на Џордан

Еден од најдобрите кошаркари на сите времиња во НБА лигата Мајкл Џордан на промоцијата на компјутерската игра „NBA Live 2K14“ одговори на некоку прашања на новинарите во кои истакна дека би го добил „еден на еден“ Леброн Џејмс доколку двајцата се во топ форма, додека пак за Коби Брајант не е сигурен, бидејќи тој му ги крадел потезите.

Леброн Џејмс и Коби Брајант веднаш му одговорија на Џордан.
- Домино ефект: јас украдов нешто од него... оваа генерација ќе украде нешто од мене- напишал Брајант на својот Твитер профил.
- Тој ова го рекол за мене и за мојата игра? Па, добро секоја промоција е добродојдена. Сигурно би ми било тешко да играм против Џордан кога тој беше на врвот на својата кариера. Сепак тој дуел нема никогаш да го видиме, но добро е тоа што луѓето зборуваат за таа пресметка. Навистина Ем Џеј го рекол ова? – изјавил Леброн.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О