Над 170.000 автомобили на BMW се повлекуваат од пазарот

2012-bmw-z4-four-cylinder---02-opt
Преку соопштение до јавноста „BMW“ објави одлука да се повлечат над 170.000 автомобили ширум светот.

Овој чекор според соопштението на германскиот гигант е поради проблемите со системот за сопирање.

Од „BMW“ предупредуваат дека недостатоците можат да се покажат како сериозни, бидејќи водат до делумно блокирање на сопирачките и возачот ќе мора да вложи дополнителен притисок врз педалот.

Во овој повик се опфатени 176.000 возила, од кои 72.000 се продадени во САД.

Со овие недостатоци се опфатени моделите на „BMW“ од 3-та и 5-та серија, како и Z4, X1 и X3, а сите возила се продадени по август 2012-та година.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О