LG G4 пристига во април!

Јужнокорејската компанија го избра токму датумот помеѓу датумите на Samsung и Apple за претставување на нови мобилни уреди и за месец април го најави доаѓањето на моделот LG G4.

- Минатата година во месец мај го претставивме престижниот модел G3, но оваа година не планираме на Светскиот конгрес за мобилни телефони да го претставиме наследникот G4. Сакаме повеќе време за усовршување на нашиот нов паметен телефон, изјави неименуван службеник од компанијата LG.


Samsung и HTC на Светскиот конгрес во месец мај пак ќе ги претстават своите нови врвни паметни телефони, а тоа се Samsung Galaxy S6 и HTC One M9, пренесува веб страницата BGR.

Доаѓањто на новитетите од страна на Apple пак не се очекуваат пред месец април кога би требало да се појави нивниот нов паметен часовник, но не и нов Apple паметен телефон.


Во претходните извештаи беше наведено дека LG G4 ќе поседува 3K 5.5-инчен екран, Qualcomm Snapdragon 810 процесор, 3 GB RAM меморија и задна камера со широк агол и 16 мегапиксела.

Паралелно со претставувањето на новиот паметен телефон ќе биде претставен и додатокот G Pen.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О