На интернет се појави првото видео од отпакувањето на Samsung Galaxy
Round во кое целосно се прикажува првиот „флексибилен“ смартфон со
заоблен екран. Тоа што е најмногу интересно е необичниот изглед со
длавбнатина на екранот од неколку милиметри и начинот на кој се
приклучува батеријата.
Samsung Galaxy Round е сместен во карактеристичната жолта кутија, а во
неа се наоаѓаат и слушалки, USB приклучок кој служи и како полнач,
заедно со две батерии и заштитна прекривка. Од тоа што може да се види
Samsung Galaxy Round е квалитетно изработен смартфон со привлечен
дизајн.
Задната прекривка на смартфонот е обложена со кожа и истата лесно се
отстранува со што добивате пристап до внатрешноста на уредот и
батеријата која може да се заменува. Samsung Galaxy Round има речиси
идентична големина како и фаблетот Galaxy Note 3, со тоа што на дното се
наоѓа влезот за USB/полначот, а странично се сместени копчето за
вклучување како и регулаторот на звук.