Жените убиваат поретко, но покреативно

Жените убиваат многу поретко отколку мажите, или во просек за десет пати помалку, но тоа го прават на многу креативен начин, тврди австрискиот психијатар Сигрун Росманит во својата најнова книга „Дали жените се подобри убијци?“

Во интервју за магазинот „Шпигл“, Росманит објаснува дека жените од недостиг на физичка сила ја користат својата фантазија. Тој за пример наведува една жена во Азија која го убила својот партнер така што додека се бакнувала со него му подметнала капсула со цијанид.

Иако жените се сметаат за физички послаби, нивните потенцијали не треба да се потценат. Обично се вели дека мажите се тие што се насилни, брутални и егоцентрични, како жените да немаат своја мрачна страна.

Многу жени не успеваат да се изборат со тој мрак, смета австрискиот психијатар, додавајќи дека „повеќе се плаши од женска отколку од машка одмазда“.

Жената смета дека постои „критичен праг“. Ако тоа се случи, ситуацијата станува неподнослива, тогаш жената е подготвена на сè.

- Многу жени со години трпат злоупотреба, малтретирање, но одеднаш тоа експлодира, а во тие критични моменти обично поводот е најбанален.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О