Samsung фатен на дело: Лажирaни резултатите на Samsung Galaxy Note 3

тест резултатите на новиот фаблет Samsung Galaxy Note 3 се лажирани, а при тестирањето е користена посебна софтверска алатка која ги зголемува перформансите, со други зборови технолошки допинг.
Samsung Mobile повторно е на мета на критики откако се јави сомнеж дека
Нема сомнеж дека фаблетот Samsung Galaxy Note 3 е најмоќниот мобилен уред направен било кога, благодарение на осум-јадрениот процесор и за прв пат употребените 3 GB RAM, но проблемот е што перформансите се потиснати од огромниот број на додатни софтверски алатки кои го забавуваат до одреден степен, па можеби и затоа Samsung се служел со овие нечесни методи за да ги лажира резултатите.
Според Ars Technica во интерфејсот на Galaxy Note 3 е инсталирана посебна алатка која ги препознава сите бенчмарк апликации и при нивно активирање не му дозволува на чипсетот да ги исклучи сите осум јадра. Samsung е фатен на дело кога Geekbench една од тест апликациите била преименува, па така софтверскиот додаток не ја препознал и на виделина излегле вистинските перформанси и можности на осум-јадрениот процесор.
Претходно Samsung Mobile се соочи со исто обвинување кога излегоа тест резултатите на најкористените бенчмарк тестови за Samsung Galaxy Ѕ4, кој убедливо го освојуваше првото место, но со помош на прилагодувања на графичката карта кои не се дел од официјалната верзија на смартфонот.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О