Овој трезор е направен да нè спаси од апокалипсата, а сега е оштетен!



Норвешките власти денес соопштија дека дополнително ќе ја заштитат “растителната арка на Ное”, односно светската резерва од растителни семиња на архипелагот Свалбард на Арктикот, откако неодамна била оштетена поради порастот на температурите.

Околу 50.000 нови примероци на растителни семиња од целиот свет се сочувани пред неколку месеци во најголемата банка на семиња на светот, којашто е отворена пред десетина години на арктичкиот архипелаг за “во случај на апокалипса”.

Најголемата банка од растителни гени на светот е отворена за во случај на војни или големи природни катастрофи да го спаси растителниот свет од целосно уништување, чувајќи примероци од семиња од најразлични збирки на посеви.

Банката со светски семиња се наоѓа на архипелагот Свалбард, помеѓу копнениот дел на Норвешка и Северниот пол и е осмислена како главна резерва за другите банки на семиња во светот.
Оптималната температура на чување на примероците е минус 18 степени Целзиусови, но изминатиот месец октомври бил изненадувачки многу топол поради што било забележано протекување на вода на самиот влез во објектот.



Норвешките власти навеле дека водата потоа замрзнала и дека била отстранета, но дека сепак некои примероци биле оштетени.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О