Војната таму заврши, а градот остана пуст...

Поради овој град, Владимир Путин побарал состанокот во Минск да се одложи, за проруските сили да можат да го освојат и на тој начин да обезбедат важен железнички центар, велат некои медиуми.

Градот Дебаљцево се појавил во јавноста кон крајот на минатата година, по аеродромот во Доњецк, кој повеќе од шест месеци бил главна точка на судирите меѓу проруските и украинските сили. Градот, исто како и споменатиот аеродром, бил уништен и руиниран од константните напади, пишува српски Telegraf.

Дебаљцево на 18. февруари паднал во рацете на бунтовниците, а сè до тогаш бил под контрола на украинските сили.

Исто така, состанокот кој бил организиран во Минск требало да донесе мир, а според некои извештаи Владимир Путин сакал да го одложи, за проруските сили да можат да го освојат Дебаљцево и на тој начин да обезбедат важен железнички центар.

Откако украинската војска го напуштила градот, на улиците може да се видат само остатоци од оклопни возила, пренесува Russia Today.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О